Nokia го претстави својот најнов телефон, а во прашање е достапниот C01 Plus. Смартфонот пристигнува со Android 11 Go Edition оперативен систем, има осмојадрен процесор и dual SIM можности.
Од предната страна на телефонот се наоѓа 5.45-инчен дисплеј со HD+ резолуција и 18:9 однос на страници. Во горната рамка е сместена 5MP селфи камера и LED блицв, додека во долната е сместено логото на Nokia. На задната страна се наоѓа уште една 5MP камера, како и блиц.
Nokia C01 Plus го покренува осмојадрен Unisoc SC9863A, има 1GB RAM и 16GB простор за складирање. Телефонот нема сензор за отпечатоци од прсти, но оперативниот систем поддржува препознавање на лицето. Кога сме кај оперативниот систем, во прашање е Android 11 Go Edition, кој е полесна верзија на платформата наменета за уредите од долниот сегмент.
Nokia C01 Plus е достапен во сина и виолетова боја, а моментно е во претпродажба во Русија по цена од околу 90 долари.