Провајдерот на „cloud“ услуги, Fastly, на чии сервери привремено се урнаа неколку водечки светски интернет-страници, денеска соопшти дека инцидентот бил предизвикан од грешка на софтвер (т.н. баг – bug) што се случил кога еден од клиентите ги сменил поставките.
Неколку големи глобални веб-страници накратко се урнаа вчера поради проблеми кај американскиот оператор Fastly. Неколку страници со голем сообраќај, вклучително и медиуми како Гардијан и Њујорк Тајмс, Би-Би-Си, Блумберг, потоа страниците на британската влада, Редит и Амазон.ком, накусо беа недостапни.
Проблемите погодија и неколку социјални мрежи како Reddit и Etsy.
„Ова нарушување беше обемно и сериозно. Навистина жалиме за влијанието врз нашите клиенти и секој што се потпира на нив”, стои во соопштението на компанијата, потпишано од Ник Роквел, директор за инфраструктура.
Поврзани артикли