Данските научници користат виртуелна реалност за да поттикнат вакцинација против Ковид-19, и тоа со игра на маневрирање низ маса на луѓе заразени со вирусот на градскиот плоштад.
Во експериментот на универзитетот во Копенхаген, учесниците носеле очила за виртуелна реалност и играле игра во која се постаро лице кое се шета низ плоштад и ги избегнува минувачите облечени во црвено кои се заразени со коронавирусот. Вакцинираните ликови се облечени во сина облека.
„Беше забавно. Чувството е како да сте таму“, вели Адам, учесник кој се „заразил“ со играта која ја играл во копенхашкиот парк. Тој додал и дека одлучил да се вакцинира и пред да ја игра играта.
„Од слични студии знаеме дека откако ќе поминат низ искуство на виртуелна реалност, кај луѓето се забележува пораст во намерата да се вакцинираат. Тоа веќе го забележавме со Ковид-19“, вели Роберт Бом, професор по психологија на универзитетот, повикувајќи се на претходна онлајн студија.
СЗО проценува дека со вакцинација се спречуваат 4-5 милиони смртни случаи секоја година. Во февруари и март, повеќе од една четвртина од возрасните лица во ЕУ изјавиле дека одбиваат да се вакцинираат против коронавирус, покажува истражувањето кое го спровела европската агенција Eurofound.
Поврзани артикли