Предностите од дигитализацијата во работната околина им дозволија на индустриите не само да ја поедностават работата, туку и да научат повеќе за организацијата во која работат, па дури и да ги зголемат профитите од работењето. Според DESI индексот за дигитална зрелост, македонските компании покажуваат интерес за дигиталните услуги, но недоволно ги користат. Со цел подобро запознавање со процесот на дигитализација и видовите услуги кои стојат на располагање, Македонски Телеком организираше вебинар со работна тема „Дигитализација, сега“ кој го посетија повеќе заинтересирани страни од домашните мали и средни претпријатија, како и голем број новинари кои оваа тема ја почувствуваа како интересна.
Првиот од серијата вебинари за запознавање со дигитализацијата кои ги организира Македонски Телеком имаше за цел да ги упати присутните во основните начини на кои можат да го започнат процесот на дигитална трансформација. Дискусијата ја започна и ја водеше Никола Огненовски, Б2Б маркетинг директор во Македонски Телеком, а дел од панелот беа и Милена Стеријовска (директор на ИПСОС Македонија и ИПСОС Косово) и Билјана Северинова (сертифициран консултант за дигитална трансформација).
На вебинарот беа истакнати неколку наоди од DESI индексот за дигитална зрелост, кои ја покажуваат реалната ситуација во земјата и од кои можат да се извлечат повеќе заклучоци. Дури 37% од компаниите со 1-9 вработени воопшто не практикуваат дигитални алатки, додека пак, компаниите од градежната индустрија веќе на големо ја имплементираат дигитализацијата во нивното работење. Истражувањето, кое за прв пат се спроведува во Македонија, го реализираше Македонски Телеком во соработка со ИПСОС Македонија
„Едукацијата на темата е најважна, особено за луѓето кои работат во овие компании и индустрии. Сопствениците мораат да сфатат дека дигиталната трансформација не е трошок, туку инвестиција. Вработените мораат да сфатат дека дигитализацијата нема да им ги земе работните места, туку ќе им ја направи работата полесна и поорганизирана. Дигиталната трансформација ќе им помогне на компаниите да бидат успешни, бидејќи наместо да го трошат времето на аналогно работење, ќе имаат повеќе време за стратешки размислувања и донесување важни одлуки“, изјави Билјана Северинова во своето обраќање.
Дигитализацијата не е само за банки и ИТ компании, не е скапа, и не значи само отворање веб продавница, и реализација на дигитален маркетинг, кои се само парцијален дел од овој процес. Таа е начин на размислување, за технолошка екстензија, за тоа каде сакаме да бидеме по 5, 10 години, таа е одговор на прашањето дали сакаме да бидеме успешни, и да имаме одржлив бизнис на долг рок. Дигитализацијата е за сите компании, независно од големината и дејноста таа носи бројни бенефити и оптимизации, централизација на податоци и работење што придонесува кон позадоволни клиенти, беше истакнато на вебинарот.
Еден од главните заклучоци од првиот вебинар за вовед во дигиталната трансформација на Македонски Телеком е дека иако постои дискусија за темата, сепак се’ уште е мал бројот на компании кои се решаваат да ја дигитализираат својата работа, и покрај општиот интерес за дигиталните алатки. Целта на овој вебинар беше да ја отвори темата за дигитална трансформација пред партнерите на Телеком и сите заинтересирани страни кои би сакале да ги користат нивните услуги, за да научат нешто повеќе за тоа како ваквиот пристап би можел да ја унапреди нивната работа.
Истражувањето покажало дека благодарение на практикувањето на дигиталните алатки поуспешно се справиле со Ковид кризата и побрзо се вратиле во нормала, а имале и помал пад на приходите за разлика од малите и средно големите NonDigital компании.
Во текот на следниот месец Македонски Телеком ќе организира повеќе бесплатни вебинари на тема Дигитализација, кои може да ги посети секој кој е заинтересиран за темата. Следниот вебинар, на тема „Дигитална канцеларија, насекаде“, ќе се одржи веќе на 10.06 од 11:00 часот.
Вашето присуство можете да го регистрирате на следниот линк: https://www.telekom.mk/vebinari.nspx
Поврзани артикли