Американската вселенска агенција NASA планира да испрати 128 мали лигни и 5.000 микроскопски животни до Меѓународната вселенска станица.
Лансирањето ќе биде со Falcon 9 ракетата на компанијата SpaceX, а на Станицата ќе бидат испратени лигни и микроскопски животни со опрема за експерименти. Од NASA се надеваат дека експериментите ќе им помогнат на научниците подобро да ги разберат ефектите на летови во вселената.
Ќе бидат користени лигни бидејќи нивниот имунолошки систем е сличен на човечкиот.
„Животните и луѓето се потпираат на своите микроби за да ги одржат здрави дигестивниот и имунолошкиот систем. Ние не разбираме во целост како летот во вселената ги менува овие корисни интеракции“, изјави научничката Џејми Фостер.
Таа смета дека лигните би требало да бидат важни во разбирањето на клучните прашања за здравјето на животните. Пред враќање на Земјата лигните ќе бидат замрзнати.
NASA на Станицата ќе испрати и 5.000 микроскопски животни кои можат да преживеат во различни екстремни опкружувања за разлика од останатите живи суштества. Целта е да се искористат добиените информации за подобро да се разберат факторите кои влијаат на човекот во вселената.
Извор: Klix.ba