Компанијата Riot објави дека видеоиграта Valorant ќе пристигне и на мобилните телефони.
Сè уште не се откриени детали за мобилната верзија на играта Valorant, така што не е познато дали ќе се разликува од „главната“ видеоигра. Од Riot соопштија дека ќе се нарекува Valorant Mobile.
Програмерот тврди дека PC верзија на играта, која се појави минатата година, моментно во просек ја играат 14 милиони играчи. Valorant зад себе го има најголемиот натпреварувачки турнир одржан на Исланд, чие финале го гледале повеќе од милиони луѓе на 31. мај.
Плановите за Valorant не се изненадување бидејќи Riot и минатата година ја лансираа мобилната верзија за играта League of Legends под назив Wild Rift. Во меѓувреме и најпопуларните пукачки игри пристигнаа на смартфоните, меѓу нив се PUBG Mobile и Call of Duty, а се очекува и играта Apex Legends.
Извор: Klix.ba