Компаниите EA и Dice следната среда ќе ја претстават новата игра Battlefield и ќе понудат увид во тоа што ги чека фановите.
Интерниот трејлер за претстојната игра протече минатиот месец, а краток тизер објавен на официјалниот профил на франшизата Battlefield потврдува дека дејството се одржува во сегашноста или во блиска иднина.
Последен пат кога Dice им понуди на играчите модерна војна беше борбената игра „Battlefield 4“ во 2013 година.
#Battlefield Reveal
June 9 pic.twitter.com/DvNEcCDtPg— Battlefield (@Battlefield) June 1, 2021
Познато е дека EA ќе јас лансира новата Battlefield на актуелната и минатите генерации на конзоли, а играта треба да се најде на пазарот за време на празниците во САД.
Извор: Klix.ba