Првиот лебдечки вселенски аеродром во океанот на компанијата SpaceX може да биде во функција веќе следната година.
Основачот и директор на компанијата SpaceX, Елон Маск преку Twitter откри дека првото океанско вселенско пристаниште е во фаза на изградба и дека лансирањата може да почнат да се извршуваат веќе следната година.
SpaceX минатата година купи две нафтени платформи со намера да ги претвори во рампи за лансирање и слетување на ракети со цел за патување на Месечината и Марс. Овие платформи се наречени Phobos и Deimos, првата е транспортирана во Мисисипи каде ќе биде модифицирана за потребите на SpaceX, додека на втората веќе се работи во Тексас.
Една од двете платформи би требало да биде оперативна кон крајот на оваа година. Ако Deimos биде подготвен за следната година, ќе стане еден од неколкуте лебдечки вселенски аердороми на светот, од кои ќе биде можно да се лансира Starship.