Предлозите за Европската унија во врска со новиот стандард за издувни гасови Еуро 7, може да значи и „смрт“ за автомобилите со класичен мотор со внатрешно согорување од 2026 година, пишува Autocar. Според Европската асоцијација на производители на автомобили, ова е четири години пред забраната за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во Велика Британија.
Конкретни предлози, кои треба да стапат на сила во 2025 година, се изработени од Конзорциумот на инженерски советници за ултра ниски емисии на Европската комисија.
„Европската асоцијација на производители на автомобили верува дека сценаријата за ограничување на емисијата на штетни гасови презентирани од Конзорциумот во пракса ќе доведат до ситуација многу слична на забраната за возила со мотори со внатрешно согорување, вклучително и хибридни електрични возила“.
Дури и со измени, строгото законодавство за емисиите врзано со Euro 7 стандардот може да ги направи помалите автомобили со внатрешно согорување економски неисплатливи за понатамошно производство. Според објавените предлози, идните автомобили со мотори со внатрешно согорување би можеле да користат „повеќестепен суперкатализатор“. Бензинските мотори би користеле загреан електричен катализатор, пар конвенционални тронасочни катализатори, филтер за честички и катализатор за пролизгување на амонијакот.
Сепак, Европската асоцијација на производители на автомобили наведува дека инсталацијата на вакви големи и скапи уреди би била скоро невозможна во мал автомобил, а покрај тоа, неисплатлива. Уште еден предлог наведува дека автомобилите Euro 7 користат софистициран систем за дијагностицирање кој постојано ќе го следи моторот за да се осигури дека емисијата на штетни гасови е во согласност со прописите за првите 250.000 километри.
Некои веруваат дека овие предлози, што ќе ги направи автомобилите со внатрешно согорување скапи или едноставно неспособни да ги исполнат барањата за загадување, имаат за цел да туркаат се повеќе возачи кон електрични автомобили.
Европските производители не се убедени во врска со „супер-катализаторот“:
„Техничките решенија дизајнирани да ги исполнат предложените екстремно ниски гранични вредности ќе бидат многу скапи и сложени. Водењето на технолошките барања до оваа точка сериозно ќе ги ограничи можностите за намалување на СО2 и потрошувачката на гориво и ќе има значителни несигурности за издржливоста и оперативните трошоци во текот на животниот век на возилото“.
Покрај Европската асоцијација на производители на автомобили, Европската комисија доби критики за предлозите од широк спектар на институции, вклучувајќи го градот Амстердам, Европската федерација за кампери, Федералната трговска комора на Австрија, Швајцарската федерална канцеларија за животна средина и Bosch.
Претходно германската канцеларка Ангела Меркел повика на „застанување на топка“, со фудбалски жаргон, иако таа е една од најголемите промотори за развој и ширување на електричните автомобили, барајќи постепена транзиција кон електрична енергија во автомобилите.
Извор: Додај Гас