Веќе слушнавме за Poco F3 GT телефонот, а сега добивме и официјална потврда за постоењето на уредот од самата кинеска компанија. Тизерот за телефонот покажува дека Poco F3 GT ќе пристигне во текот на третиот квартал оваа година.
Врз основа на она што досега го дознавме, се верува дека Poco F3 GT ќе биде ребрендиран Redmi K40 Gaming Edition, кој беше објавен минатиот месец во Кина.
Споменатиот уред има 6,67 инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120Hz. Го покренува осумјадрен MediaTek Dimensity 1200 чипсет, во комбинација со 12GB RAM и 256GB простор за складирање.
За флуидни и константни перформанси, телефонот има и доделена LiquidCool технологија за ладење преку парната комора, за да ги одржува температурите ниски во текот на интензивните гејминг сесии.
На полето на камерите, Poco F3 GT (како Redmi K40 Gaming Edition моделот) би требало да има 64MP главен сензор, 8MP главен сензор, 8MP ултраширок, како и 2MP макро сензор. Тука е и 16MP селфи камерата.
Уредот го напојува 5065mAh батерија, со поддршка за 67W брзо полнење. Полначот е способен телефонот од 0 до 100 проценти да го наполни за 42 минути.
Поврзани артикли