Еквивалент на добро познатата организација Euro NCAP за територијата на Јапонија е Јапонската програма за безбедносна проценка на нови автомобили (The Japan New Car Assessment Program – JNCAP).
Токму оваа организација утврдила кој е најбезбедниот автомобил што доаѓа од таа азиска земја, а тоа е караванот од втора генерација кој беше претставен за прв пат минатата година и кој доаѓа со логото на Subaru – модело Levorg.
Спроведените тестови довеле до тоа да споменатиот Levorg заработи рекордни 186,91 од вкупно 190 достапни поени. Ниту еден од тестираните автомобили минатата година не успеал да забележи подобар конечен резултат.
Карванот бил подложен на тестови кои вклучуваат фронтален удар во пречка која е доволно флексибилна за да се деформира. Тестот се изведува со брзина на возилото од 64 километри на час, а актуелен е и оној каде што степенот на преклопување во однос на објектот е 40% при ударот. Во овој случај брзина со која удира возилото е 55 километри на час, додека самиот удар е замислен како контакт со цврста бариера кој нема да го промени обликот по ударот.
Покрај овие видови на проверки, кои подразбираат судири со различни предмети, во различни сценарија (брзина, место на контакт, итн.) се спроведува и тест за страничен удар. Се тестираат и седиштата, а се тестира и импровизиран и несакан контакт со пешак. Анализирани се системите за превентивна безбедност, како и системот за електронски повици во случај на сообраќајна незгода.
Како сето тоа изгледа може да погледнете и во приложеното видео.
Поврзани артикли