Јапонската компанија Sony соопшти важна вест за гејмерите кои се верни на компјутерите.
Sony потврди дека видео играта Uncharted 4: A Thief’s End повеќе нема да биде ексклузивна само за конзолата PlayStation и дека во играта наскоро ќе можат да уживаат и корисниците на PC.
Овој потег е дел од стратегијата на јапонската компанија да привлече нови фанови. Играта Days Gone пристигна на Steam на 19-ти мај, па наскоро се очекува на оваа платформа да пристигне и Uncharted 4.
Покрај тоа, Sony ги извести инвеститорите дека очекува стандардната верзија на PlayStation 5 да стане профитабилна после јуни. Компанијата во февруари призна дека губи пари на секоја продадена PS5 конзола поради стратешки поставената цена која е пониска од трошоците за производство.
Меѓутоа, кога станува збор за продажбата на видео игри, Sony го забележа најдобриот фискален квартал на сите времиња со приход од 8,4 милијарди долари и профит од 763 милиони долари, што е зголемување а 50% во однос на 2019 година.
Од Sony не образложија како PlayStation 5 ќе стане профитабилен во идните месеци.
Извор: Klix.ba