Тимот што се наоѓа бродот Kaimei во јапонските води ја издупчи најдлабоката дупка во дното на океанот, подлабока од било која во историјата.
Тимот од споменатиот брод, на 14. мај го спушти таканаречениот Giant Piston Correr (GPC) долг 40 метри, на длабочина од 8.000 метри под површината на океанот. По два часа и 40 минути дупчење, беше достигнато дното на Јапонската бразда, и во тој момент беа избушени 37,74 метри од седиментното јадро на океанското дно.
Мисијата на експедицијата беше да ги проучи седиментите во оваа област за подобро разбирање на историјата на земјотресите во регионот. Слични експедиции претходно дупчеле глечери за да ги проучат ефектите од климатските промени.
Тимот од бродот Kaimei намерно дупчеше на споменатата локација бидејќи во близина беше епицентарот на земјотресот во Тохоку со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика разорно цунами во 2011 година, што резултираше со катастрофа во нуклеарната централа Фукушима.
Извор: Klix.ba