Целосно автономен брод наскоро ќе почне патување преку Атлантикот, а на него нема да има екипаж.
Се работи за бродот наречен Mayflower 400, кој ќе плови 5.630 км од Плимут во Велика Британија до Масачусетс во САД и ќе спроведува научни експерименти во текот на своето 12-дневно патување.
Со бродот управува софтвер развиен во соработка со компанијата IBM, а кој се однесува како „дигитален капетан“.
Бродот користи стандарден радар и GPS за навигација, како и шест камери кои му служат како „очи“ и му овозможуваат да избегне други бродови и потенцијални опасности.
Со оглед на тоа што нема екипаж, ниту потреба за чување на работи и храна, просторот е искористен за технологија.
Поврзани артикли