Неколку компании ги здружиле силите за да го започнат проектот Arena del Futuro во Италија
Со комбинирање на силите, сите вклучени страни ќе создадат посебен дел од автопатот А35 Бребеми-Алеатика, така што ќе може да се користи бесконтактно полнење за пренос на електрична енергија во електричните автомобили. А35 се протега помеѓу Бреша и Милано, а бесконтактното полнење ќе биде можно на должина од 1.050 метри во близина на излезот од Киари исток.
Овој потег ќе се напојува со еден мегават моќност, а ќе биде затворен кружен пат наречен Arena del Futuro или Арена на иднината. Компанијата за безжично полнење ElectReon ќе ги искористи своите статички технологии за пренос на енергија и технологиите за динамично пренесување на електрична енергија за да овозможи полнење на стоечки возила и возила во движење во одреден простор.
Конзорциумот што работи на овој проект брои вкупно 14 различни членови, вклучително и индустриски партнери и италијански универзитети. Овие партнери ги вклучуваат автопатот A35 Brebemi-Aleatica, ABB, ElectReon, FIAMM Energy Technology, Iveco, Iveco Bus, Mapei, Pizzarotti, Politecnico di Milano, Prysmian, Stellantis, TIM, Универзитетот Рома Тре и Универзитетот во Парма.
Во моментов е нејасно колку време ќе трае изградбата на патот. Предвидено е неколку возила на групацијата Stellantis и меѓуградски автобус на Iveco да бидат дел од проектот.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли