Кинескиот моторизиран ровер управуван од далечина денеска слета на површината на Црвената планета.
Журонг кој е именуван по митскиот кинески бог на огнот, возеше на површината на Марс во 10 часот и 40 минути според локалното време во Пекинг, како што беше објавено на официјалниот профил на кинескиот ровер на социјалните мрежи.
Кина овој месец им се придружи на САД како единствена нација чии возила се движеа на Марс. Поранешниот Советски сојуз спушти свое возило на Марс во 1971 година, но неколку секунди подоцна ја изгуби комуникацијата со него.
Журонг тежи 240 килограми, има шест научни инструменти, вклучително и топографска камера со висока резолуција. Тој ќе ја проучува земјата и атмосферата на површината на Црвената планета.
Роверот, кој се напојува од сончева енергија, исто така ќе бара знаци на антички живот, вкучително било какви подземни води и мраз. Тој ќе користејќи радар за време на 90-дневното истражување на површината на Марс.
Кинески дрон Тијанвен во јули минатата година полета од јужниот кинески остров Хаинан. По повеќе од шест месеци патување, Тијанвен-1 во февруари стигна до Црвената планета и оттогаш се наоѓа е во орбитатата на Марс.
Капсулата во која се наоѓаше роверот на 15 мај се одвои од Тјанвен-1 и се спушти кон големата рамнина позната како Утопија Планитија.
Првите фотографии направени од роверот во средата ги објави кинеската вселенска агенција.
Тијанвен-1 е една од трите сонди коишто во февруари стигнаа до Марс, по американскиот ровер кој се спушти на 18 февруари и третото летало кое го испратија Обединетите Арапски Емирати кое пристигна во февруари, но не беше наменето за слетување.
Извор: Радио Слободна Европа