Еден корисник на TikTok објавил видео во кое со помош на пластично шише се обидува да демонстрира каква трага може да остави само една цигара на нашите бели дробови.
Тој зел пластично шише и на дното направил дупка за цигарата, а на капачето направил поситни дупчиња и ставил мало парче памук.
„Памукот ги претставува вашите бели дробови, а тука можете да видите како тој изгледа откако низ него поминал чад од само една цигара“, објаснил корисникот.
И при гледањето со голо око, на памукот се гледаат жолти траги, но Тиктокерот се потрудил да нѝ покаже и снимки од памукот направени преку микроскоп, пред и по чадот од цигарата.
Како што објаснил на самиот почеток на видеото, со овој експеримент сакал да ја провери ефикасноста на филтерот на цигарите.
„Со филтер или без него, јасно е дека пушењето цигари е навистина штетно за вашето здравје“, заклучил тој, а видеото за помалку од 24 часа добило половина милион прегледи.
Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.tiktok.com/@oneminmicro/video/6962746800319008001?sender_device=pc&sender_web_id=6898280001541064197&is_from_webapp=v1&is_copy_url=0
Извор: Prva.rs
Поврзани артикли