Комерцијалните авиони не се познати по напредната технологија бидејќи тие во голема мера останаа исти со децении, но новиот дизајн привлекува внимание, посебно затоа што целта на авионската индустрија е да ја намали потрошувачката на гориво и емисиите на јаглерод.
Концептот на новиот авион неодамна го претстави SE Aeronautics, а неговиот пристап кон дизајнот е невообичаен бидејќи авионот има три пара крила, двојни опашки и два задни мотори.
Станува збор за прототипот SE200, авион кој може да прими 264 патници, и кој ќе троши 70% помалку гориво од другите авиони со слична големина. Ќе може да лета 16.900 км без потреба од слетување, а неговата максимална брзина ќе биде нешто повеќе од 1.110 километри на час. Оваа брзина е поголема од брзината на авионите од истата класа. Исто така, дополнителен пар крила создава поголема пловност, што резултира со пократко полетување и слетување, со што се овозможува употреба на помали аеродроми.
Новиот концептен авион нема да има гориво во своите крила, поради што дизајнерите можеа да се фокусираат на потенки и аеродинамични дизајни. Горивото во овој случај ќе биде во резервоарот над трупот. Прототипот има интегрирана монококна структура од еден дел што ќе биде посилна и побезбедна од постоечката која се распаѓа во случај на несреќа бидејќи е составена од делови.
Покрај тоа, употребата на композитни материјали ќе го направи авионот еден од најекономичните, а неговиот животен век ќе трае 50 години. Производството на авиони ќе биде двојно побрзо, а извршниот директор на SE Aeronautics, Тајлер Метјус, изјави дека концептот ќе направи револуција во авионската индустрија.
Во изминатиов период беа презентирани неколку различни концепти на авиони насочени кон економијата, а меѓу нив, авионот Flying-V е развиен за да биде економичен, да прими 314 патници и да има голем дострел.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли