Според новото истражување, 100 години стариот изум на Никола Тесла би бил корисен за примена на начини што научниците сè уште не ги разбрале.

Се работи за вентил – диода за течности, што Тесла го патентираше во 1920 година, а неговата функција е да овозможи проток на течности во една насока.

Внатрешноста на вентилот се состои од неколку специјално обликувани комори кои овозможуваат течноста да тече слободно во една насока и создава отпор во другата насока.

Уредот делува како електронска диода низ која поминува електрична енергија во една насока.

Сепак, по повеќе од еден век, научниците открија дека „вентилот на Тесла“ не само што е покорисен отколку што беше порано разбрано, туку дека може да има и други сосема нови примени.

„Извонредно е што овој изум стар 100 години сè уште не е разбран целосно и може да биде корисен во современите технологии на начини што сè уште не се разгледуваат“, рече Леиф Ристроф, вонреден професор на Институтот за математички науки Курант на Универзитетот во Њујорк.

Истражувачите откриле дека уредот работи приближно како „прекинувач“ и само кога ќе помине доволно течност, дејствува за да се спротивстави на протоците што доаѓаат во погрешна насока.

Научниците сугерираат дека ова може да се користи на неколку нови начини, вклучително и употреба на гориво или други течности во моторите и машините.

Тие исто така веруваат дека тоа може да придонесе за нешто што Тесла сакаше да го постигне додека работеше на пронајдокот.

Тие објаснуваат дека уредот на Тесла е алтернатива на конвенционалниот неповратен вентил, чии подвижни делови се трошат со текот на времето.

„Сега знаеме дека е многу ефикасен во мешањето и може да се користи за мотори и машини за полнење гориво, течност за ладење, мазива или други гасови и течности“, вели Леиф Ристроф.

Извор: BizLife.rs