Првиот човек на германскиот советодавен комитет за вакцинација (Стико) од институтот Роберт Кох во Берлин, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека веројатно следната година сите граѓани повторно ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19 „затоа што коронавирусот нема да не пушти“ , пренесува Еуроњуз.
Тој во неделата за групацијата „Функе“ изјави дека во моментов нема информации за тоа кога точно ќе ни требаат дополнителни дози на вакцината.
Мертнес објасни дека здравствените работници ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да утврдат дали заштитата на коронавирусот слабее побрзо во одредени групи и дали на некои од нив ќе им биде потребна дополнителна доза на вакцина поитно од другите.
-Вакцинацијата ќе треба да се освежи најдоцна до следната година. Вирусот нема да не пушти, предупреди Мертенс, потсетувајќи на присуството на нови мутации на коронавирусот на кои одредени вакцини не реагираат толку ефикасно.„Во принцип, треба да се подготвиме за можноста сите да мора да се вакцинираме следната година“, додаде тој.
Неговите колеги, исто така, очекуваат имунитетот да трае околу шест месеци по вакцинирањето, така што првата ревакцинација за некои ќе биде закажана за наесен.
Мертенс посочи дека кај одредени групи ефектот на вакцинација ослабува и смета дека на пациентите чија имунолошка одбрана е контролирана од лекови третата доза од вакцината може да им треба во краток рок.
Поврзани артикли