Според последните информации кои пристигнуваат од Microsoft, откажан е проектот на новиот WIndows 10X оперативен систем, но затоа сите сили се пренасочени на постоечкиот Windows 10 и негови суштински подобрувања, што посебно се однесува на следното големо ажурирање, под името „Sun Valley“.

Секој ден се појавуваат се повеќе докази за тоа дека Microsoft забрзано работи на подобрување на графичкиот интерфејс, преку следното битно кумулативно ажурирање на „Sun Valley” верзијата. Всушност, новото графичко опкружување кое било развивано за Windows 10X ќе биде префрлено на следната верзија на ажурирањето на регуларната „десетка“.

Овој пат, тоа се случи со Action Center опцијата. Улустрациите говорат во прилог на фактот дека контекстуелното мени доби „floating“ дизајн. Значи, можете конечно да ја скролате страницата, додека менито ви останува во вашето видно поле. Некои од експерименталните опции се појавија во самото јадро на Windows 10 системот, каде со помош на програмата WindowsShellExperienceHost.exe можете да активирате некои од функции, кои бике достапни исклучиво во Windows 10X верзијата. Овие опции се уште не им се достапни на корисниците, дури ни на оние во „тест“ програмата. Само оние кои се запознати со програмирањето во Visual Studio алатката, можат да ги вклучат и подесуваат дотичните опции. Исто така, скокачките мени прозорци добија и заоблени рабови.

Уште многу работи се очекуваат со доаѓато на ново-ажурираната Windows 10 „Sun Valley“ верзијата на OS, која на корисниците би требало да стане достапна во текот на втората половина на тековната година…