Череп на крокодил кој живеел пред осум милиони години беше пронајден во централна Австралија.

Се верува дека станува збор за истребен вид крокодил, кој живеел пред осум милиони години и досега беше непознат за научниците.

Черепот беше пронајден на 200 километри од Алис Спрингс на Северната територија во 2009 година, а се веруваше дека припаѓа на познат рептил, но сега е потврдено дека станува збор за новопотврден, изумрен вид кој официјално ќе биде именуван во 2022 година.

Черепот е пронајден во областа Алкота во централна Австралија, познато наоѓалиште на фосили.

„Ова ни укажува на нови видови за кои не знаевме дека ја населувале централна Австралија. Малку е изненадувачки да се замисли дека централна Австралија има реки каде што можело да живеат крокодили“, рече др. Адам Јејтс.

Овие крокодили напаѓале големи животни, сметаат научниците.

Денешните крокодили потекнуваат од сосема друга гранка од семејното стебло на крокодилите.

Извор: Klix.ba