Детекторот „Сегмент гама“ спроведува континуиран мониторинг на воздухот во просторијата за присуство на експлозивни материи, опасни хемикалии и биолошки агенси. Времето потребно за уредот да детектира опасност е максимум пет секунди.
Холдингот „Швабе“ (дел од корпорацијата „Ростех“) го направи детекторот „Сегмент Гама“, кој за пет секунди открива експлозивни материи и опасни хемикалии во воздухот, соопшти прес-службата на руската државна корпорација.
Прототипот на уредот првпат беше претставен на изложбата „Комплексна безбедност“ што се одржува во паркот „Патриот“ (во близина на градот Кубинка).
„Сегмент Гама“ врши континуиран мониторинг на воздухот во просторијата за присуство на експлозивни материи, опасни хемикалии и биолошки агенси. Времето потребно за уредот да детектира опасност е максимум пет секунди.
Според извршниот директор на „Ростех“ Олег Евтушенко, новиот уред може да најде примена на железнички станици, во кина, на концерти и во галерии. Ефикасноста на откривање на експлозивни материи, опасни хемикалии и биолошки агенси е најмалку 99,8%.
Претходно холдингот „Швабе“ претстави уред наречен „Детектор-БИО“ за откривање токсини, бактерии и вируси во воздухот, вклучувајќи и коронавирус. Овој уред е направен во партнерство со Научноистражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли