Кина соопшти дека нејзиниот истражувачки ровер ќе слета на Марс во следните неколку дена, од сабота до среда по пекиншко време.
Кинеската национална вселенска администрација соопшти дека сондата Tianwen-1 собрала голема количина научни податоци, откако влезе во орбитата на Марс на 10. февруари.
Според сегашните услови, наскоро се отвора прозорец за спуштање на ледено подрачје „Утопија Панитија“, пренесе AP.
Роверот наречен Журонг по кинескиот бог на оганот ќе остане неколку дена во возилото за спуштање, додека не се извршат дијагностичките тестови, а потоа ќе се симне од рампата и ќе почне со потрага за живот.
Ова ќе биде прв обид на меко спуштање на некоја кинеска сонда на Марс.
Досега само САД, девет пати, успеале да приземјат роботизирани апарати на Марс и дека управуваат со нив на површината на оваа планета.