Honor 50 смартфонот би требало да биде претставен во јуни, а денес ја откриваме неговата протечена фотографија, која укажува на тоа дека дизајнот со двоен прстен за кој известивме минатиот месец е точен. Во вториот круг ќе се наоѓаат две камери, од кои едната ќе биде опремена со перископ леќа.
Според претходните извештаи, Honor ќе го прескокне именувањето на серија 40 во корист на новата водечка серија Honor 50, која е наменета за натпревар со „постариот брат“, Huawei P50.
Honor 50 серијата ќе биде објавена во јуни, со можно деби во првата половина на месецот, но не е одредено точното време. Се смета за прв премиум производ по добиената независност од Huawei.
Вчера блогерот @Zealer објави приказ во висока резолуција од наводниот уред на Honor. Според изворот, претстојниот Honor премиум модел е направен во бојата „Clear Wind Blue“. Во естетска смисла го дополнува дизајнот на прстени откриен пред неколку дена.
Што се однесува до камерата, Honor 50 има задна тројна камера поставена во овална конфигурација со двоен прстен, при што главната камера од 50MP е поставена во горниот и долниот круг. Покрај тоа, во истиот прстен се наоѓа и 8MP перископ телефото леќа + ToF леќа и 13 MP широкоаголен објектив.
Покрај тоа, Honor 50 ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 чипсет, додека Pro верзијата ќе дебитира со Qualcomm Snapdragon 888 чипсет и се очекува да чини меѓу 620 до 770 долари.