Експертите идентификуваат три клучни фактори за успех на современите електрични автомобили
Компанијата Castrol ги претстави резултатите од својата студија, која покажува како автомобилската индустрија може да ја забрза распространетоста на електричните возила. Во студијата учествувале експерти од Castrol и BP, како и тимот на Jaguar од Formula E шампионот.
Сите тие посочуваат три клучни фактори кои ќе помогнат во помасовно усвојување на електричните автомобили. Главниот проблем, според експертите, е цената. Треба да биде околу 36.000 американски долати за да може да привлече повеќе купувачи.
Втората работа која е потребно да се смени е намалување на времето за полнење до 31 минута, а третата – автономијата на електричниот автомобил со едно полнење мора да биде најмалку 469 километри.
Покрај тоа, анализата на Castrol идентификува три главни области кои исто така ќе помогнат во развојот на електричните возила. Ова се заеднички случувања во сите фази на создавање и производство, соработка помеѓу инженерите и производителите (соодветно добавувачи) на опрема и обезбедување на доволно информации на корисниците. Ова ќе ги разбие сите заблуди за електричните автомобили.
„Сите експерти се на мислење дека масовното воведување на електричните автомобили може да се случи не порано од 2030 година“, се заклучува во извештајот. Сличен рок веќе објавија голем број производители, кои за 9 години ќе продаваат само електрични автомобили. Jaguar Land Rover, General Motors, Ford, Volvo и Mini веќе објавија слични планови.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли