Минатата недела, Clubhouse објави дека неговата долгоочекувана Android апликација конечно станаla официјална, барем во смисла дека ја користеле неколку луѓе. Во тоа време, апликацијата беше ограничена на „пријателски тестери“ (луѓе кои тестираат) во затворена бета верзија. Денес е веќе достапна за сите на Android. Па, некако: сите и натаму ограничено на оние кои имаат покани за услугата за аудио разговор. Но, барем можете да ја користите апликацијата за да резервирате корисничко име.
Clubhouse моментно е хит апликација на iOS, каде корисниците чекаат повеќе од една година на повик за затворената бета верзија. Неговата привлечност е можноста да слушате аудио разговори во реално време на познати личности, кои услугата успеала да ги привлече. (Можете и сами да водите аудио разговор ако се занимавате со такви работи). Clubhouse привлече толку многу внимание што сите тргнаа да го копираат или да го купат од некој, кој веќе има подготвен сервис. Reddit, Twitter, Facebook, Spotify и Telegram имаат подготвени конкурентски услуги или се во завршна фаза на развој.
Оние кои навистина сакаат да ја користат Android апликацијата што е можно поскоро и да го резервираат своето корисничко име и да влезат во листата на чекање, можат да го сторат тоа со покана. Врз основа на скриншотовите објавени во Play Store, повеќе или помалку е идентична со iOS апликацијата. Clubhouse моментно е достапен само за корисниците во САД, а за останатите земји се очекува во следните денови. Ако сте нетрпеливи, апликацијата е достапно и на APK Mirror страницата, од каде можете да ја преземате, инсталирате (преку APK инсталер) и, ако немате покана, можете да го резервирате вашето корисничко име за некој да не го земе пред вас.