Многумина од вас ги сакаат пчелите, а ги мразат осите, меѓутоа овие инсекти воопшто не се лоши како што мислиме.

Во истражувањето објавено пред неколку години е установено дека осите се способни за расудување и логика, додеја ново истражување покажува дека се корисни и за човештвото.

„Кога им зборувам на луѓето за осите, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат цел. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека осите се многу корисни. Сите ги сакаме пчелите, но треба да го смениме и односот кон осите бидејќи тие ја чуваат нашата планета“, изјави професорот Сириан Сумнер од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Осите се повеќекратно корисни, бидејчи можат да се користат за контрола и сузбивање на штеточини без потреба од користење на инсектициди, корисни се за опрашување, а нивниот отров може да се користи во медицинските истражувања на третмани за болести како ракот. Освен тоа, можат да бидат и адекватна замена за месото.

Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашите екосистеми, за нивната популација и натаму да не опаѓа.

Професорот тврди дека осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 вида на билки, а 164 вида, вклучувајќи ги и орхиедите во целост се зависни од осите кога се работи за опрашувањето.

Се испоставува и дека повеќето оси не касаат.

 

Извор: Klix.ba