НАСА објави прва аудио снимка од четвртиот пробен лет на мини хеликоптерот „Ingenuity“ на Марс изведен на 20 април, соопшти американската веселенска агенција.
Звукот на елисата на хеликоптерот која се врти со повеќе од 2.500 вртежи во минута едвај може да се слушне, затоа што хеликоптерот е тежок само 1,8 килограми, а бил оддалечен околу 80 метри од микрофонот на роверот „Perseverance“.
Налетите на ветар исто така го пригушуваат звукот на хеликоптерот.
?? New sounds from Mars: Our @NASAPersevere rover caught the beats coming from our Ingenuity #MarsHelicopter! This marks the first time a spacecraft on another planet has recorded the sounds of a separate spacecraft.
?? Turn the volume up: https://t.co/o7zG6mQJzx pic.twitter.com/s8Hm3dhcgg
— NASA (@NASA) May 7, 2021
Ова е прва снимка од некој лет на Марс, но иако едвај се слуша претставува многу убаво изненадување, вели планетарниот научник Дејвид Мимоун.
„Ги изведовме сите опити и симулации кои покажаа дека микрофонот тешко го фаќа звукот на хеликоптерот затоа што еатмосферата на Марс е таква што го пригушува ширењето на звукот. Имаме среќа што го снимивме овој звук на таа оддаелеченост“, вели Мимоун.
Тој вели дека снимката претставува рудник со злато за разбирање на атмосферата на Марс.
Поврзани артикли