Дојавувачот Ice Universe објави неколку интересни информации за Samsung Galaxy S22 Ultra на мрежата Weibo. Телефонот кој најверојатно нема да ја види светлината на денот пред почетокот на 2022 година, се вели дека има подобрено зумирање на перископ камерата, користејќи ја технологијата на континуирано зумирање. Моментниот перископ зум на Galaxy S21 Ultra користи фиксен објектив што резултира во слаб квалитет на сликата при зумирањето до нивоа што не се својствени за телефонот.
Со фиксна леќа, телефонот треба да користи скратена слика од главната камера или засебен 2K или 3K зум пред да го преземе зумот на перископ камерата. Но, благодарение на технологијата креирана од Samsung Electromechanics и Samsung LSI, новиот континуиран перископ зум за Galaxy S22 Ultra ќе се движи слободно од 3x на 10x за да обезбеди остри слики и повеќе детали на сите нивоа на зголемување. Sony Xperia 1 III има сличен систем на зумирање со перископ, но со два основни нивоа на зголемување од 3х и 4,4х.
Galaxy S22 Ultra се очекува да има и други големи промени покрај новата камера со зумирање. Се очекува дека на уредот ќе биде додадена селфи камера под екранот, што би значело дека нема да биде потребен отвор. Новиот водечки модел на Samsung може да го покренува сопствениот чипсет Exynos 2200 на Samsung заедно со AMD Radeon Mobile GPU. Минатиот месец се појавија и информации дека Galaxy S22 Ultra ќе има примарна камера од 200MP и сензори брендирани под името Olympus.