Една од најпопуларните апликации за навигација, Google Maps, воведува новини
На посакуваната цел нема да се стигнува по најблискиот пат, туку по еколошки пат. Корисниците на тој начин ќе можат да придонесат за одржливост и зачувување на природата
Навигациската апликација нема автоматски на своите корисници да им го понуди најкраткиот пат до зададената точка, туку патека што троши најмалку ресурси и ја штити природата. Пред понудениот одговор до посакуваната цел, ќе се пресметаат факторот на потрошувачка на гориво и видовите на загадување.
Корисниците на кои приоритет им е брзината сепак ќе можат да изберат пристап до најбрзата рута, но само преку дополнителни поставки.
Поради овие промени, Google ќе ја ажурира и дополнително ќе ја подобри навигацијата за јавниот превоз, која ќе биде уште подостапна во некои градови низ светот. Еколошкиот акцент е ставен на електричните автобуси, возови, трамваи и подземни железници, возила со намалена емисија на јаглерод диоксид.
Поврзани артикли