Со објавата на iOS 14.5 оваа недела, Apple претстави начин креаторите да нудат претплата преку својата апликацијата Podcasts. Spotify не губеше време и веднаш ги прикажа новите алати за монетизација на подкасти на својата платформа.
Spotify во понеделник претстави претплати на подкасти кои се плаќаат, овозможувајќи им на авторите да заработуваат од своите емисии. Новиот алат прво се објавува во САД и ќе им биде достапен на авторите преку програмата Anchor. Подкастерите кои ја користат таа платформа можат своите епизоди да ги означат само за претплатниците, а потоа да ги објави во Spotify. Заинтересираните креатори можат да се придружат на листата на чекање од денес.
Новата програма почнува со 12 независни емисии и ќе се прошири на повеќе креатори во следните месеци. Кога се ќе се организира, претплатите – и оние кои можат да понудат претолати – ќе се прошират на остатокот од светот во следните месеци. Покрај почетната група, Spotify истакна дека соработува со NPR, за да го објави изборот на своите претстојни емисии без спонзори за претплатници.