Во Либан, кој е погоден од незапамтена економска криза и чија електрична мрежа е меѓу најлошите во светот, пред јавноста е преставен првиот „100 процентен“ електричен автомобил произведен во таа земја.
Ова е „првиот домашен автомобил“, вели иницијаторот на проектот, Џихад Мохамад, палестински претприемач роден во Бејрут, на презентација во околината на Халде, јужно од Бејрут.
Масовното производство на овој автомобил наречен Quds Capital треба да започне на лето, вели Мохамад.
Откако направи цело богатство во телекомуникацискиот сектор во Канада и градежништвото во земјите од Заливот и Ирак, палестинскиот претприемач решил да си ја испроба среќата и во автомобилската индустрија.
Во Либан, каде има скоро секојдневно прекинување на електричната енергија по граѓанската војна во 1990 година, жителите мора да имаат свои генератори затоа што треба да чекаат повеќе од 12 часа на ден за да се отстрани дефектот. Истата судбина го чека и Мохамад. Околу сто станици за полнење кои планира да ги постави низ целата земја ќе бидат поврзани со приватни генератори кои ќе се напојуваат со соларна и ветерна енергија во догледна иднина.
Цената на автомобилот е 30.000 долари.
Извор: Додај Гас