Acer поставува нови граници на стапките на освежување со својот најнов гејминг монитор. Досега 360Hz беше највисоката стапка на освежување која сме ја виделе на гејминг мониторите, но Acer XV252Q F моделот оваа стапка сега ја подигнува на 390Hz, преку оверклокување.
Како другите Acer XV2 монитори, XV242Q F има едноставен дизајн со црни и црвени акценти. Пристигнува со 25-инчен AUO AHVA панел, FullHD резолуција, 0.5ms G2G одзив и 360Hz изворна стапка на освежување која оди до 390Hz со оверклокување. Панелот поддржува Adaptive-Sync, вклучувајќи го AMD FreeSync Premium со VRR (Variable Refresh Rate) и LFC (Low Frame Compensation).
Осветлувањето од 400 нита и 1000:1 статички контраст, во комбинација со 8-битна длабочина на бои, му овозможуваат на мониторот покриеност од 99 проценти за sRGB спектарот на бои. XV252Q F мониторот има VESA DisplayHDR 400 сертификат, а овозможува репродукција на видео со HDR и VRB (Visual Response Boost).
Од опциите за видео излез се достапни 2x HDMI 2.0 портови и DisplayPort 1.4. Мониторот има и два вградени 2W звучника и 3.5мм приклучок.
Поврзани артикли