Хеликоптерот Ingenuity само што почна со своите тестни летови, а веќе испрати единствени фотографии на Земјата.
Малиот хеликоптер Ingenuity кој во рамките на мисијата Perseverance го изврши својот прв и за човештвото историски лет на Марс, продолжува да ги воодушевува научниците.
Во текот на својот прв лет, кој траеше само 40 декунди, успеа да ја направи и првата фотографија во боја од воздух на површината на Марс и да им ја испрати на научниците.
Во моментот на снимањето на фотографијата, Ingenuity леббдеше на висина од 5,2 метри и се подготвуваше за лет кон напред. Поради тоа, успеа да ја фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс.
Од NASA истакнуваат дека со оваа фотографија покажаа колку таквиот начин на прегледување на теренот е потенцијално важен за идното истражување и мисии, бидејќи им овозможува на научниците полесно да го извидуваат теренот и да планираат движење на роботските возила. Тоа е посебно важно кога се работи за терен кој се состои од комбинација на остри камења и песок, кои можат да бидат проблематични за движење на возилата.