Експоненцијалниот раст на технолошки иновации во последните декади редовно го обликува општеството, придонесувајќи во промените во секојдневниот живот, па се до клучните иновации во глобалната економија, овозможувајќи моќта да се промени светот да биде кај секого.
Можеби звучи неверојатно, но и Македонија е дел од еден ваков подвиг, па така новиот македонски стартап „Проект Робин Худ“ во соработка со швајцарската Финтек Компанија MW Finance, разви вештачка интелегенција која во текот на следните години ќе помогне во зголемувањето на растот на глобалниот стандард на живеење, притоа распоредувајќи големи количества на средства низ добротворни организации и истражувачки институти.
Основачот на „Проект Робин Худ“, Диме Галапчев во кратки зборови го објаснува нивниот продукт.
„Проектот Робин Худ на некој начин е целосно ликвидно инвестициско решение овозможено од вештачка интелегенција, која што при отварање на стотици микро трговии на светската девизна берза прави конзистентни профити, од кои дел автоматски се распоредуваат низ добротворни организации одбрани од корисникот, и сето тоа компактно овозможено преку една едноставна за користење мобилна апликација, која ќе биде достапна за сите“, објаснува Галапчев.
Според него, корисниците ќе можат во секој момент да додадат или извадат пари во/од нивната Робин Худ сметка, од која што вештачката интелегенција наречена „Квантен Скалпер” автоматски ги презема средствата за да работи со нив, секојдневно зголемувајќи ја нивната вредност без разлика на тоа што се случува со глобалната економија.
За тоа на кој начин работи вештачката интелегенција го прашавме нејзиниот креатор, Лорент Давид, белгиски иноватор кој во последните 10 години беше клучен дел од развивањето на нови технологии не само во секторот на финансии, туку и во здраствениот сектор, како и во растечката блокчеин технологија која што веќе активно го освојува светот.
„Квантниот Скалпер користи парови од осумте главни валути (USD, CAD, GBP, EUR, CHF, AUD, NZD, JPY). Покрај тоа што се најстабилните валути во глобалната економија, тие исто така доаѓаат од држави кои имаат доволен број на јавни информации, кои се користат за успешно анализирање и предвидување на кратки движења помеѓу валутите набројани горе,” вели Лорент.
„Нашиот систем е насочен само кон отварање на многу мали позиции на дневна база, со тоа ефективно го намалува долготраењето на една трговија и ова ни дозволува да ги искористиме сите движења на пазарот наместо да се обидуваме некои да ги избегнеме,” додаде тој.
Иако деталната стратегија е доверлива, тимот позади „Проектот Робин Худ“ сепак сподели одредени детали.
„Системот е автоматски прилагоден на карактеристиките на однесување на паровите, врз основа на нестабилноста на парот како и природата на движење. Нашиот систем е секогаш подготвен со план Б , бидејќи веруваме дека со алгоритамското тргување, управувањето со трговијата е 90% од победничката стратегија“.
Околу тоа како вештачката интелегенција донесува одлуки што и кога да се купи/продаде, иноваторите велат дека системот е постојано поврзан со светската берза.
„Системот ја следи целата светска берза и нејзините движења, постојано прилагодувајќи и еволуирајќи. Тој е постојано поврзан со различни институции и организации од кои се собираат во живо податоци за економските настани што ги движат цените, ова вклучува податоци од Светска банка, национални статистички институции, интернационални банки, влади, невладини, медиуми, тинктенкови, и др.”
Како дел од процесот за менаџирање на ризикот, иноваторите позади „Проект Робин Худ“ исто така развија пет различни вештачки интелегенции кои што се обучувани на различни бази на податоци со различни стратегии и алгоритми. Овие други системи се постојано подготвени доколку примарниот ситем не работи според стандардите, другите да ја превземаат контролата со многу побезбедна и стабилна стратегија, но поради тоа месечните профити на резервните системи би биле помали за три до пет пати.
Околу тоа кој е ризикот и како системот е тестиран, Галапчев посочи кон неутралната ревизорска компанија Myfxbook, која што двојно ги проверува сите податоци за тестирањето на нивите системи, кои исто така се потврдени од нив, како и од брокерската куќа.
Според Myfxbook главната ВИ, т.е. „Квантен Скалпер”, во последните седум месеци на активност без никакви проблеми носи средна вредност од 20 проценту месечно, со ризик фактор помал од 0.01% за да се загуби само 10 проценти од балансот.
Како дел од целосната транспарентност што тимот на Робин Худ ја нуди, исто така се и дополнителени тестови кои кои преку симулација на светската девизна берза од 2010 до 2021 година докажаа дека системот е стабилен и конзистентен во своите резултати.
Според Галапчев, следната фаза е довршување на мобилната апликација која што на корисниците ќе им овозможи едноставен и брз пристап, кои исто така, додека вештачката интелигенција ја зголемува вредноста на балансот, ќе можат да ги следат регистрираните непрофитни проекти, инволвирајќи се во нив и одлучувајќи каде и како дел од профитот би бил распределен.
За сите оние кои сега сакаат да го зголемат својот капитал, додека истовремено донираат и помагаат таму каде што тоа значи, Проектот Робин Худ е веќе активен. Но додека апликацијата е сеуште во изработка, корисниците ќе мора да се регистрираат преку нивниот партнер, наградуваната ECN брокерска куќа и провајдер на брокерски софтвери од Сингапур, Lirunex, кој нуди еден од најдобрите услови за висок трговски обем за клиенти од целиот свет. Нивниот широк спектар на лиценци и регулативи заедно со нивната напредна платформа и софтвер за управување со пари создаваат најдобра средина за вештачката интелегенција да ги обезбеди очекуваните резултати.
Во однос на очекувањата, и Галапчев и Давидс како претпазливост препорачуваат корисниците да очекуваат пораст на личниот капитал од околу пет проценти месечено, без разлика тоа што сите тестирања и активни резултати укажуваат дека ако се задржи трендот, корисникот може да очекува до 10 отсто месечно, или со други зборови, дуплирање на капиталот во рок од една година.
За следните фази на развој, тимот позади „Проектот Робин Худ“ отвара јавен повик за сите заинтересирани што сакат да се вклучат во овој потфат, од инвеститори, до девелопери, дизајнери, како и најважното, невладини, непрофитни, истражувачки, и други добротворни организации кои имаат потреба од стабилно финансирање без да бидат товар на своите донатори.
Сите заинтересирани можат да го посетат нивниот прелиминарен сајт, www.robinthehood.net, или да испратат мејл на [email protected].