Microsoft Store во Windows 10 има проблеми како што се лошиот кориснички интерфејс, преземањето на апликации со багови и политиката на користење на продавницата која не им е примамлива на креаторите на апликации. Microsoft планира да ја промени продавницата за апликации, за да биде поуспешна и попримамлива за корисниците.
Гласините сугерираат дека Microsoft планира да креира целосно нов App Store за Windows 10, а ова стигнува како дел од плановите на компанијата за ревитализација на Windows 10.
Се очекува дека Microsoft ќе го отвори Windows 10 Store за неотпакуваните Win32 апликации. Покрај тоа, на апликациите ќе има биде дозволено да се ажурираат без структурата на Microsoft вградена во Store, овозможувајќи самостојно да се ажурираат.
Измените на Microsoft би можеле апликациите, како што се Google Chrome и Adobe Creative Suite, да ги направи достапни преку Microsoft Store, правејќи ги подостапни и полесни за инсталирање.
Според наводите, Microsoft планира новиот Windows Store да го објави во текот на есента.