Хакери се закануваат дека ќе ги објават документите, доколку компанијата Quanta, партнер на Apple, не плати 50 милиони долари. Меѓутоа, бидејќи беше одбиено плаќањето на откупнина, хакерите почнаа да го уценуваат гигантот од Купертино.
Доверливите документи за уредите на Apple паднаа во рацете на руски хакери, кои доколку највредната компанија во светот не им исплати откупнина до 1 мај, планираат се да објават. За да покажат дека се сериозни, хакерите од групата REvil веќе објавија некои документи, како нацртот за минатогодишниот модел MacBook Air, iMac и некои информации за уште еден преносен уред на Apple.
Сумата која сега ја бараат од Apple не е позната, како што не е познато до какви документи стигнале, односно дали располагаат со информации за идните производи.
На документите што ги објавија, на секоја страница е видлива порака дека станува збор за сопственост на Apple, што не може да се репродуцира, копира или објавува. Од Apple велат дека „го испитуваат овој инцидент“ и дека не сакаат да коментираат, Меѓутоа од Quanta потврдија дека имало сајбер-напад врз мал број сервери. Магласија дека соработуваат со ИТ експерти за решавање на проблемот и дека не е забележана штета што би влијаела на работата на компанијата.