Витаминот К може да се најде во свежото овошје и зеленчук, сирењето, зелената салата и јајцата.
Витаминот К е познат и како витамин на „долговечноста“ и има функција во телото да спречи да се создаде згрутчување на крвта.
Најмногу може да го најдеме во темно-зелениот зеленчук.
Витаминот К има значајна улога и во метаболизмот и коските, сврзното ткиво и здравата функција на бубрезите.
Први знаци на недостаток на витамин К се:
– проблеми со цревата;
– крварење, слабо заздравување на раните;
– крварење од носот;
– зголемен умор;
– болна менструација.
Како да внесете витамин К во телото:
Како што веќе споменавме, витаминот влегува во телото преку храната или пак преку цревните бактерии кои што сами го произведуваат.
За жал витаминот К различно се апсорбира во цревата. Неговото апсорбирање варира во зависност од содржината на маст во храната и присуството на желудочната киселина во распон од 10 до 80 отсто.
Оние кои што консумираат масти во исхраната воглавно во облик на колбаси и длабоки масти, добиваат само мал дел од витаминот К.
Храна која е посебно богата со витамин K:
– зелје;
– спанаќ;
– виолетова зелка;
– брокула;
– карфиол;
– краставица;
– тиквички;
– домат;
– грав.
Извор: Kurir.rs