Чарлс Гешке, еден од основачите на софтверската компанија Adobe, кој помогна да се развие PDF технологијата, почина на 81 година.
Откако докторирал, Гешке почнал да работи во истражувачкиот центар на Zerox во Пало Алто, каде што го запознал Џон Ворнок. Тие ја напуштиле компанијата во 1982 година, за да ја основаат Adobe и заедно да развиваат софтвер.
„Нивниот прв производ беше Adobe постскрипт, иновативна технологија која овозможи радикален нов начин на печатење текст и слики на хартија. Водејќи се од голема желба за иновации, Чак потоа создаде некои од најзначајните софтверски пронајдоци, како PDF, Acrobat, Ilustrator, Photoshop“, изјави извршниот директор на Adobe, Шантану Нарајен.
Во 2009 година, Барак Обама им додели Национален медал за технологија на Гешке и Ворнок.
Поврзани артикли