Минатата година Andrpod 11 имаше „скриена“ функција од 90-те години – корпа за отпадоци за избришани фајлови. Корисниците во тоа време не можеа да управуваат со отфрлените фајлови. Апликациите можеа да ги означат фајловите за бришење и да понудат свои начини за нивно враќање, но немаше централизирана “trash can” или “recycle bin” функција како што сме навикнале на други платформи. Врз основа на неодамнешните извештаи, тоа може да се промени во Android 12.
Според наводите, Android 12 би можел да имплементира поддршка за управување со избришани фајлови. Минатата година, во Files by Google апликацијата беше забележана функцијата во развој, која овозможува да се гледаат отфрлените фајлови за Android 11 во соодветен фолдер. На овој фолдер може да му се пристапи од страничното мени на апликацијата. Оваа опција не е имплементирана, но Android 12 може да ја добие таа можност.
Се разбира, сето наведено е подложно на измени, но XDA-developers тимот неодамна откри дека Storage панелот Settings секцијата може да добие нов trash листинг, што го покажува просторот окупиран од избришаните фајлови, нивниот број и можноста да се испразни и да се избрише несакана содржина.