Компанијата DJI го претстави својот нов дрон под Air 2S.
Air 2S е најновата верзија на дрон од средна големина, кој е опремен со камера. Значењето на буквата „S“ во името не е познато, но дронот Air 2S дефинитивно изгледа како лесен лифтинг на претходниот модел. Дизајнот е речиси идентичен, содржи неколку елегантни линии, а има и две дополнителни предни камери за избегнување на пречките.
Во случајот на новиот модел, најважна е камерата, затоа што Air 2S доби поголем сензор кој може да фотографира до 20 MP или да снима 5,4K видео при 30fps, односно 4К видео при 60 fps и 150Mbps. Сето ова изгледа како солиден напредок кога станува збор за 12 MP фотографии и 4K видео со 60 fps или 120Mbps.
Камерата има 4x дигитално зумирање и има опции за зумирање од 6 и 8x. Исто така, Air 2S поддржува три профили во боја, а тоа се Normal (8 bit), D-Log (10 bit) и HLG (10 bit).
Дронот тежи 595 грама, што значи дека е малку потежок од неговиот претходник (570 грама), а тоа се одрази на намалувањето на времетраењето на летот од 33 на 31 минута.
Сите четири сензори за избегнување на пречки се подобрени, а новите две камери можат да детектираат објекти на поголемо растојание и многу побрзо. Тука е и новата О3 технологија, што теоретски му овозможува на дронот да помине 12 километри, што значи дека видео-конекцијата е постабилна. Беспилотното летало има и паметни режими на летање како што се Spotlight 2.0, AcriveTrack 4.0 и Point of Interest 3.0.
Функцијата MasterShot е исто така интересна и ги комбинира однапред програмиранитер патеки на летот со паметно автоматско уредување.
Продажбата на дронот веќе почна, а Air 2S чини 999 долари. Пакетот Fly More вклучува три батерии, приклучок за полнење, ND филтри и торба, а се продава по цена од 1.299 долари.
Поврзани артикли