Uran-9 е нов руски роботски тенк, копнено возило дизајнирано за потребите на антитерористичките и извидничките единици, како и за огнена поддршка на руската армија.
Руското Министерство за одбрана објави дека ќе ја формира првата единица со борбени роботи. Станува збор за единица која ќе се состои од пет роботски системи Uran-9, односно 20 борбени возила.
Новата воена технологија и роботските системи ги менуваат начините на војување во светот.
Во октомври минатата година, руската армија потврди дека ќе интегрира роеви борбени беспилотни летала, роботи и егзоскелети во борбената опрема од следната генерација, а на почетокот на овој месец, француската армија користеше куче-робот наречено Спот, како и други фасцинантни роботски тенкови и возила.
Првата руска роботска воена единица ќе биде експериментална, а целта е да се види како ќе функционираат војниците во комбинација со роботски системи. Доколку вежбите поминат добро, воениот персонал ќе биде обучен за управување со роботските возила Uran-9.
Uran-9 е производ на Kalashnikov концернот. Toj e копнено возило без екипаж дизајнирано да им помага на борбените, извидничките и антитерористички единици, но и да обезбеди огнена поддршка кога е потребно. Роботот тежок 12 тони е опремен со навигациско оружје Ataka, противтенковски ракети, ракетни фрлачи Shmel-M, 30мм автоматски топ 2А72 и 7,62 мм митралези.
Прво беше тестиран во сириската граѓанска војна, но неговите перформанси беа слаби. Роботот не можеше да ги заврши мисиите за кои беше задолжен. Сепак, оттогаш, неговиот опсег, времето на реакција и другите функции се подобрени, и официјално влезе во функција во 2019 година.
Извор: Klix.ba