Gigabyte со полна сила влегува во 4K ерата со објавување на три нови 120Hz + 4K Pro гејминг монитори во рамките на својата марка Aorus. Сите три модели поддржуваат HDMI 2.1 конекција и имаат HDR сертификат.
Aorus 4K Pro Gaming линијата доаѓа во големини од 32, 43 и 48 инчи, и е дизајнирана да овозможи 4K гејминг со голема брзина на освежување. Екраните се дизајнирани за современи гејмерски компјутери и конзоли, и нудат низок одзив, високо освежување и целосна 10-битна длабочина на боите.
Aorus 4K Pro Gaming FI32U моделот е 144Hz 4K монитор, со поддршка за VESA DisplayHDR 1000 и Super Speed IPS панел. Екранот има 0,5ms одзив и големина од 32 инчи, која е одлично за 4K моделите и не бара скалирање на Windows.
Моделот FV43U е 144Hz HDMI 2.1 DisplayHDR 1000 монитор, со 1ms одзив и големана на екран од 43 инчи.
Aorus FO48U (FO за OLED), е 4K OLED монитор, со големина од 48 инчи, со максимално освежување од 120Hz. Овој дисплеј нуди поголем контраст во однос на помалите 4K модели на Gigabyte.
Новите монитори користат Aorus тактички DNA, нудејќи ексклузивни функции: Black Equalizer, Aim Stabilizer, Active Noise Cancelling и други подобрувања во рамките на игрите. Мониторите ги краси и 99% Adobe RGB / 150% sRGB спектар на покриеност на бои.