Водечкиот бренд за прочистувачи на воздух Blueair денеска објави дека независните тестирања на моделот Blueair Health Protect 7400 потврдија дека тој целосно го отстранува живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот. Со тоа, прочистувачот на воздух Blueair Health Protect и официјално е првиот во светот кој потврдено и докажано го уништува живиот SARS-CoV-2 вирус од воздухот во затворени простории.
Тестирањето на Blueair Health Protect го спроведе независната непрофитна истражувачка организација MRIGlobal во контролирани лабораториски услови, која ги потврди резултатите кои се смирувачка вест во периодот на пандемија. Покрај тоа што го уништува коронавирусот во затворените простории, револуционерниот прочистувач Blueair Health Protect е единствениот што обезбедува и 24/7 заштита од сите други вируси и бактерии, така што покрај него престојот дома и во работните простории е целосно сигурен и безбеден за здравјето на луѓето.
Овој револуционерен прочистувач е достапен и во Македонија, преку овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“.
– Blueair е водечки бренд во светот кој веќе 25 години ги користи најиновативните шведски технологии за да овозможи чист и безбеден воздух за сите. Притоа, успешноста на применетите технологии секогаш е подложена на независно испитување на трети страни со цел да се добијат објективни и релевантни резултати. Во период на пандемија, здравјето на луѓето е врвен приоритет, па затоа сакавме да им понудиме прочистувачи на кои со вистинска гаранција може да им веруваат дека ќе ги заштитат нив и нивните најблиски од коронавирусот– вели Илија Андреевски, генерален менаџер на компанијата „Екотип“.
Blueair Health Protect вклучува најсовремена HEPA Silent Ultra технологија која комбинира електростатско и механичко филтрирање на воздухот, со што најефикасно ги отстранува вирусите и бактериите, прашина, полен, првут и мувла, како и непријатните мириси. Со тоа обезбедува 50% повеќе чист воздух, користи 55% помалку енергија и прави 10% помалку бучава отколку традиционалната HEPA филтрација. Исто така, овој прочистувач содржи и најнапредна Germ Shield технологија која активно ја следи просторијата, дури и кога прочистувачот е во состојба на мирување и се активира за да ги уништи микробите и да спречи развој на бактериите.
Повеќе информации за Blueair Health Protect може да најдете на https://www.filtracija.mk
Поврзани артикли