Француските власти имаат намера да им понудат 2.500 евра на сопствениците на стари автомобили со мотори со внатрешно согорување, за да ги однесат возилата во отпад и да ги заменат со нов електричен велосипед.
Мерката го доби потребното мнозинство на првичното гласање во Парламентот. Таа беше предложена од Владата во облик на измени и дополнувања на нацрт-законот насочен кон намалување на гасовите и ефектот на „стаклена градина“ за 40 отсто до 2030 година, во однос на нивото во 1990 година.
Доколку добие поддршка од пратениците на последното гласање за законот, Франција ќе стане првата земја во светот што ќе им понуди на граѓаните можност да заменат старо возило со електричен или велосипед на склопување, како што соопшти Француското здружение на корисници на велосипеди.
Поврзани артикли