Lenovo го претстави наследникот на минатогодишниот Legion Duel гејминг телефон, наречен Legion Duel 2. Телефонот се одликува со два приклучоци за полнење, два вентилатори за ладење, два линеарни мотори за тактилен одговор и два пара ултрасонични гејминг копчња. Pop-up селфи камерата е сместена на страната на рамката, но овој пат е тука со сензор од Samsung од 44MP.

Legion Phone Duel 2 се одликува со 6,92 инчен AMOLED екран, со брзина на освежување од 144Hz и поддршка за HDR10+. Резолуцијата на екранот е FHD+ (2460 x 1080p), а панелот поддржува максимална осветленост од 1.300 nits и има симетрични рамки.

Бидејќи ова е телефон фокусиран на игри, Legion Duel 2 има различен сет на дополнителни контроли. На дисплејот има две „force touchpoint“, два пара ултрасонични гејминг копчиња на страните на рамката и две капацитивни тастери на задниот дел од уредот.

Задниот дел е украсен и со уникатен дизајн со два квадратни елементи меѓу кои се наоѓа систем со камери, вентилатори за ладење и логото на RGB Legion. Системот на камерата е идентичен со оној на минатогодишниот модел и се состои од 64MP главен сензор и 16MP ултра-широка камера.

Двата вентилатора работат во тандем, каде во горниот влегува топол воздух и го спроведува преку бакарен топлински спроводник, додека другиот вентилатор служи за издувување на воздухот. Lenovo тврди дека телефонот нуди 30 проценти подобрување на топлинската ефикасност во споредба со претходниот модел на Legion Phone.

Премиум чипсетот Snapdragon 888 е задолжен за барање за обработка и доаѓа со 12 GB, 16 GB или 18 GB RAM меморија, како и 256 GB и 512 GB простор за складирање. Батеријата, со капацитет од 5.500mAh, е поделена на две ќелии од 2.750mAh. Lenovo ZUI 12.5, кој е базиран на Android 11, е задолжен за софтверската поддршка на телефонот.

Полнењето преку една порта е можно со брзина до 65W, а опционалниот адаптер ја зголемува брзината на полнење до 90W и може да ја полни батеријата до 100 проценти за 30 минути. Lenovo имплементираше систем за заштита на батеријата, кој ја следи топлината и брзината на полнење за оптимални перформанси и долгорочно зачувување на батеријата.

Lenovo Legion Phone Duel 2 пристигнува во Ultimate Black и Titanium White варијанти на бои, а од овој месец ќе биде достапен и во Кина. Продажбата во Европа започнува во мај, по почетна цена од 799 евра за моделот 12/256GB до 999 евра за моделот 16/512GB.

Извор: Benchmark.rs

.