Со-основачот на Neuralink, кој е и во сопственост на Eлон Маск, на Твитер објави прилично бомбастична работа. Напиша дека компанијата веќе ја има технологијата со која би можеле да направат вистинска верзија на „Паркот Јура“.
Веројатно би можеле да го направиме Паркот Јура, ако сакаме. Тоа не би биле генетски автентични диносауруси, но можеби по 15 години размножување и инженерство би довело до супер егзотични нови видови, напиша на својот профил на Твитер, Макс Ходак, со-основач на Neuralink.
Сепак, Ходак со ништо не аргументираше дека невротехнолошката компанија може да врати назад изумрени праисториски влекачи. Сепак, тој се залага за идејата и верува дека со тоа би се зголемил биодиверзитетот на Земјата.
“Биодиверзитетот е секако вреден. Конзервацијата е важна и има смисла. Но, зошто да застанеме тука? Зошто намерно да не се обидеме да создадеме нова разновидност?”, напиша Ходак.
Знаеме како таквото размислување заврши во популарните филмови од франшизата „Паркот Јура“.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли