Кинеско-австралиската компанија Brighsun New Energy тестира нов тип на батерии, благодарение на кои електричните возила ќе можат да минуваат и до две илјади километри со едно полнење. Експертите од оваа компанија, која меѓу останатото развива технологии за електричните возила, на новите литиум сулфурни (Li-S) батерии работат веќе осум години.

Енергетската густина на тие батерии е од пет до осум пати поголема од конвенционалните, а тестирањата  на компанијата SGS  покажуваат дека тие задржуваат 91% од својот капацитет и по 1700 циклуси на полнење. Посебно е интересно да се истакне дека очекуваниот експлоатациски век на овие Li-S батерии е околу два милиони километри.