Со новиот Chromium прелистувач кој е направен на технологијата на Google Chrome, Microsoft го надмина Firefox во текот на минатата година, а овој тренд продолжува и понатаму.
Минатата година, интернет корисниците се потсмеваа на новите прелистувачи на Microsoft. Но според извештајот на NetMarketShare за 2020 година, прелистувачот Edge имал повеќе корисници од Firefox во март минатата година. Компанијата за аналитика StatCounter извести дека Edge во текот на последните неколку месеци има сè поголем број корисници, а се намалува базата на корисници на Firefox.
Иако податоците не покажуваат дека корисниците на Firefox почнаа да користат Edge, од табелата гледаме дека прелистувачот на Microsoft бележи раст на удел на пазарот од 7,81 проценти на 8,03 отсто оваа година, додека Mozilla падна од 8,1% нa 7,95%.
Популарноста кај корисниците, сепак, не му обезбеди втора позиција на Edge. Таа чест му припадна на Safari, кој сега има удел од 10,13 проценти, иако неговиот брај паѓа од декември, па Edge би можел наскоро и него да го престигне.
Извор: B92.net
Поврзани артикли